Ова е веројатно најтажната бубамара единаесета и вечерва се виде дека е можно човек да има се а да нема ништо да си богат а сиромашен затоа што погледнете луѓе салава е полна ама празна седиштата полни а срцата празни затоа што те нема тебе пријателу мој млад ,а пред десет години овде ја доби првата златна бубамара за најпрестижен пејач а во наредните неколку стана убедливо најнаградуваниот пејач во историјата .Вечерва нема аплаузи нема врескање на обожавателки .Пријателе мој млад кога првпат те запознав знаев дека ќе бидеш тоа што стана ,еднаш побарав да ти бидам личен шофер ме одби .Ти беше монах духовен отец во цивилна облека светец претворен во човек испратен на земјата да ни ги олесни маките и да ни ги искара гревовите .Плачевме многу плачеме сеуште има и за кого да плачеме сигурен сум дека и ти плачеш и сакаш да си барем две минути овде со нас.Беше првата љубов на девојките најголемата звезда на балканот и најхуманиот човек кој го познавав даваше и кога немаше и ги учеше да го прават и оние што имаат а чуваат за себе бидејки живееше со она старото раката што дава не се суши .Овие бубамари што ќе ги добиеш нема да ги подигне никој ,ние старите бубамардзии ќе ги однесеме во твоето вечно почивалиште во твојата спомен соба ,во твоето најсакано Крушево и ти ветувам дека секој од нас ке се обиде да те пронајде тебе во својата душа да го пронајде својот мал Тоше и да го активира што е можно побрзо .Пријателе мој млад велат дека луѓето живеат онолку долго колку ги споменуваме а тебе вечно ке те споменуваме .Ти почина без да умреш а ние кога ја слушнавме страшната вест умревме без да починеме .Затоа летај по небото зирни по некогаш од зад облаците и појависе како најсилна светлина ангелу наш недоисплакан нека ти е вечна славата.
[IGOR DZAMBAZOV posveteno za tose proeski.]